Куќата на Полихарм и Синагога Базиликата се тесно поврзани така што јужниот периметрален ѕид на базиликата припаѓа на двете градби. Исто така, во атриумот на црквата се влегува преку една од просториите во западниот дел на куќата.

КУЌА НА ПОЛИХАРМ (КУЌА НА ПСАЛМИТЕ)

Previous Next

Портикот на јужната страна го означува влезот во објектот. Куќата има повеќе простории и ходници распоредени околу централен перистил. Перистилот го формираат осум столбови, а во внатрешноста се сместени бунар и базен. Подовите на ходниците околу перистилот се декорирани со мозаици со геометриски мотиви. Спроти перистилот се наоѓа апсидална сала или триклиниум со фонтана во средината. Мозаичниот под е поделен во повеќе полиња и е украсен со барски птици, пехари и различни предмети. Централна позиција зазема полето со претстава на две срни помеѓу кои има канатарос од кој извира вода т.е. полето со илустрација на псалмот 42. Поради овој мозаик, Куќата на Полихарм се нарекува и Куќа на Псалмите. Се претпоставува дека градбата имала уштe еден спрат на што упатуваат скалите во нејзиниот западен дел.

 

Објектот е истражуван во 1931 – 33 година и подоцна за време на конзервацијата во 1965 и 1970. Името Куќа на Полихарм го добива поради поврзаноста со синагогата односно можноста перистилот и триклиниумот да бидат оние простории кои Полихарм ги подигнал за себе како што стои во натписот откриен во Синагога Базиликата. Ваквата теза наведува на заклучок дека куќата е оригинално изградена во II век и била во употреба заедно со двете синагоги, а подоцна во V век таа егзистирала со Базиликата кога го добива мозаикот во триклиниумот.

 

Во VI век куќата е комплетно пресоградена со ѕидови од кал и камен, така што старите ѕидови се имплементирани во нови куќи. Подните нивоа на овие сиромашни „куќарки“ се од набиена земја така што во западниот дел се откриени вкопани питоси.

 

   

Кликнете и влечете на фотографијата за поглед од 360° (Кликнете тука за зумирање и зголемување)

Aрхеолошки лексикон

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026