 
                            
Завршена е првата фаза од конзервацијата на прекрасниот мозаик од  куќата на Перистерија која опфати негово подигање, чистење и лиење во  хидростатен малтер. Мозаикот кој не беше откриен околу 30 години и се  наоѓаше во очајна состојба, на пролет ќе биде вратен и презентиран пред  посетителите на Стоби. Различните мотиви на мозаикот и неговата  полихромија го сместуваат во редот на најубави подни декорации на  локалитетот. Посебно се интересни полињата во кои е прикажан водениот  свет со фантастични животни.
 
Конзервацијата на мозаикот се одвива по проект на  Националната установа Стоби и под раководство на Драган Верговски Алпи и  Момчило Трајковски од Националниот конзерваторски центар.