Новости

Почеток на археолошките истражувања во Стоби

април, 14 2011 | Ioannes Stobaeus

 

Во текот на минатата седмица, НУ Стоби отпочна со археолошките ископувања на локалитетот како дел од капиталниот проект за истражување на античкиот град, финансиран од Владата на Република Македонија. Оваа сезона во фокусот ќе бидат Куќата на Перистерија и Западната Некропола. На првата локација ќе се ископува во април со цел да се истражат постарите културни слоеви во триклиниумот со мозаик.  Некрополата ќе се истражува во текот на мај и тука се очекуваат интересни резултати. Во текот на следните месеци ќе се одвиваат и два проекти за конзервација. Првиот подразбира враќање на мозаикот од Куќата на Перистерија на неговата оригинална позиција, додека вториот се однесува на конзервација на фреските од Епископската Базилика и е финансиран од Амбасадата на САД, односно Амбасадорскиот грант за заштита на културното наследство.

 

Поврзано:

Мозаикот во Куќата на Перистерија, 13.12.2010

Најстарите христијански фрески во Р. Македонија, 14.12.2010

 

Галерија:

               Церемонија

               Конзервација

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026