Сувенири

430 ден.

Ерос, исконското божество на љубовта, страста и сексот претставува чест мотив во античката уметност. Познат е и како Амор (Љубов), а неговиот пандан во римската митологија е наречен Купид (Копнеж). Иако вообичаено се претставува како крилата гола фигура на момче или дете со лак и стрели, се среќаваат и варијанти на Ерос во драперија. На Стоби се откриени неколку варијанти на Ерос во драперија, на кои божеството е претставено е во стоечка положба, со малку подраширени нозе. Десната рака е замотана во облеката, додека левата се спушта покрај телото. Некои автори, варијантата Ерос во драперија ја поврзуваат со погребните обичаи, па оттаму и епитетот „погребен“, но, сепак, повеќето се сложуваат дека се работи за вообичаена претстава на крилат гениј. 

 

 

Комерцијална копија

SEE Mosaics

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026