Стандардна прошетка

ноември, 04 2010

 

Стандардната прошетка низ Стоби подразбира основни информации за историјата на градот и неговите градби. Ќе имате можност да дознаете за основањето, развитокот на градот и неговата слава, бурните периоди на уништување и повторно градење, се до конечното напуштање на крајот од доцната антика. Воедно ќе се запознаете со вкусот на Стобјаните, нивната архитектура и секојдневно живењее во различните векови.

 

Времетраење на прошетката - најмалку 45 минути

 

Доколку закажете, нашиот водич ќе ве запознае со Стоби без дополнителен надомест за неговиот ангажман.


© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026