Виртуелно искуство

септември, 18 2020

 

 

 

 

Новата туристичка понуда користи технологија за виртуелна реалност во промоција на богатото културно наследство на Стоби. Апликацијата за виртуелна реалност Ве води на интерактивно патување низ времето и просторот, претставувајќи ги римскиот театар во својот полн капацитет, жителите на стоби, опремата на гладијаторите, како и самите гладијаторски борби. Оваа прошетка е достапна на секој половина час почнувајќи од 10 часот и за истата е неопходно да направите online резервација. Секоја резервација е максимум за 2 лица.


© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026