Новости

Проекти на НУ Стоби во 2020 година

јули, 02 2020

 

 

Програмата на Националната установа Стоби за 2020 година опфаќа повеќе проекти од кои шест директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати.


Вкупно 15 проекти се финансирани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2020 година, од кои 4 проекта се одложени поради моменталната кризна состојба настаната поради корона вирусот (Ковид 19).

 

1. Од областа на заштита на недвижното културно наследство:

-       Конзервација и реставрација на дислоцираните мозаици од археолошкиот локалитет Стоби - 1 120 000 денари;

-       Тековно одржување и партнерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби - 1 280 000 денари;

-       Археолошки доистражувања и изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонските остатоци на Градбата со арки во Стоби - 200 000 денари;

-       Конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби - 3 500 000 денари;

-        Конзерваторско реставраторски работи на Полукружниот плоштад и дуќаните на Via Sacra во Стоби - 400 000 денари;

-        Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедем и археолошки доистражување на портата и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида - 1 500 000 денари.

 

2. Од областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство:

-      Проект за археолошки истражувања на западната некропола во Стоби - 250 000 денари;

-      Конзерваторски истражувања на стаклени предмети од збирката на НУ Стоби - 150 000 денари;

-      Едукативен водич за деца „Стоби стар град“ - 100 000 денари;

-      Конзерваторски истражувања и изработка на основен проект за заштита на метални археолошки предмети од археолошки ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година - 75 000 денари;

-      Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби - 75 000 денари.

 

3. Од областа на инвестиционото одржување, адаптација и набавка на опрема за установата (одложени):

-      Набавка и монтажа на видео надзор на археолошкиот локалитет Стоби - 900 000 денари;

-      Санација на ноќната илуминација на археолошкиот локалитет Стоби - 3 870 000 денари.

 

4. Од областа на литература и издавачка дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн (одложени):

-       „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019“ Едиција: Студии за старините на Стоби, Серија Монографии, книгa II, Гоце Павловски - 180 000 денари;

 -     Изложба на скулптури од Петар Хаџи-Бошков - 800 000 денари.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026