Новости

Конзервација на Куќата со триклиниум

јануари, 03 2012 | Ioannes Stobaeus

 

На 25 декември заврши првата фаза од проектот за конзервација на Куќата со триклиниум која претставува најголем објект од комплексот градби од 6 век. Во оваа фаза, чија реализација траеше речиси два месеца, беа конзервирани ѕидовите, а во текот на следната година ќе бидат конзервирани подовите. Објектот егзистирал подолг период, но најдобро сочувана е последната етапа од втората половина 6 век, која ќе биде презентирана по завршувањето на работите. Овој проект на НУ Стоби го раководат Никола Шентевски (архитект конзерватор) и Трајче Нацев (археолог конзерватор). За фотографии од процесот на конзервација кликнете тука.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026