Новости

Отворена изложбата Археолошка Македонија 2012

декември, 28 2012 | Ioannes Stobaeus

 

На 27.12.2012 во 13.00 часот, во Музејот на Македонија, Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, свечено ја отвори традиционалната изложба Археолошка Македонија. Оваа година се изложени артефакти од истражувањата на четири локалитети: Хераклеја, Баргала, Исар Марвинци и Стоби.

 

Од ископувањата на Стоби се презентирани движни наоди кои беа откриени или конзервирани во 2012 година. Како посебно интересни се издвојуваат стаклената чинија со претстава на животот на Ахил, печката за керамика и гробот на војникот. Изложбата ќе биде отворена за сите посетители во наредните два месеци. Кликнете тука за фотографии од изложбата.

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026