Новости

Археолошка изложба 2013

декември, 25 2013 | Ioannes Stobaeus

 

На 26-ти декември, во 14.00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена годишната археолошка изложба за 2013-та која е ретроспектива на наодите од капиталните проекти за истражувања на различни локалитети во периодот од 2007 – 2013 година.  НУ Стоби ќе изложи предмети откриени во ископувањата од 2013 година, како и неколку наоди од 2009 година кои беа конзервирани во изминатиот период. Меѓу најинтересните се вбројуваат големата северноафриканска чинија и деловите од железен ламеларен панцир откриени во Куќата со триклиниум, во контекст од втората половина на 6-от век.  

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026