Стариот град Стоби “…Stobis, vetere urbe…”, како што го нарекува римскиот историчар Ливиј, подигнат на влевот на Црна Река во Вардар, е најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonia Secunda и значаен урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две големи империи: римската и рановизантиската.  

Сместен во срцето на Македонија, на крстопатот меѓу егејскиот свет и централниот Балкан, во текот на целокупниот период од своето постоење тој претставувал средиште, во кое се слевале културните придобивки на античкиот свет. 

Денес, остатоците на овој надалеку познат археолошки локалитет се еднакво лесно пристапни од меѓународниот автопат Е-75, што го чини Стоби мошне популарна туристичка дестинација во Македонија. Ноќната илуминација на градските ѕидини и откриените градби дополнително ја нагласуваат неговата атрактивност и убавина.

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026