Аподитериум – соблекувална во јавна римска бања.

Апсида - полукружен ѕид на источниот дел на базиликата каде што се наоѓа олтарот.

Арка - полукружна камена структура која премостува одреден простор и истовремено издржува(?) тежина (на пример: врата во голем ѕид).

Аркосолиум - архитектонски термин кој што се користи за вдлабнатина со арка која се користела како погребно место во катакомбите. Зборот доаѓа од латинските arcus - арка и solium - саркофаг. Понекогаш се користи погрешно во конотација „саркофаг“. Голем дел од аркосолиумите се сликани.

Атриум - во римската архитектура, отворен внатрешен двор заобиколен со тремови, додека во ранохристијанската и средновековната архитектура претставува отворен двор пред црквата.

Базилика - во римската архитектура, издолжена градба со две или повеќе колонади и апсида на крајот, користена за јавна администрација. Најголем број од овие градби подоцна се претворени во цркви и поради нивната голема распространетост терминот претежно се користи во функција на сакралните објекти.

Балдахин

Бедем - фортификациски ѕид кој се користел за одбрана на населено место од потенцијални агресори.

Брод или кораб – простор во базилика одделен од наосот со столбови.

Venatio (мн. venationes) – забавна програма во амфитеатрите и римските театри која вклучува ловење на диви животни. Во Рим се носеле различни егзотични животни од далечните провинции така што ловењата се одржувале претпладне како најава за галдијаторските борби кои следеле. За заштита на публиката се преземале специјални мерки како бариери и ровови.

Екуменски собир - собир на епископите од целиот христијански свет со цел дискусија и одредување на црковните доктрини и пракси. 

Епископ - член на христијанското свештенство со големи ингеренции. Сите христијански центри имаат епископ на чело.

In situ - се однесува на артефакт кој не е поместен од местото на наоѓање. In situ положбата е есенцијална во интерпретацијата на предметот и културата на која што припаѓа.

Калдариум – (уште се нарекува калидариум, цела калидариа или цела коктилиум). Просторија каде што се наоѓаат ѕидани кади со жешка вода во јавните римски бањи. Тие биле најтоплите простории, исполнети со пареа. Се загревале од хипокауст што претставува специфичен систем за загревање под подот на просторијата. Процесот на капење водел назад од калдариумот преку тепидариумот во фригидариумот. 

Кантарос - тип на сад карактеристичен по своите рачки кои се издигнуваат над ободот. Во раното христијанство садот се користел за покрстување, симболизирајќи го крстењето на Исус Христос. Покрстувањето во 3 - тиот век н.е. се одвивало така што кандидатот стоел во вода до половината додека врз него била истурана вода од кантаросот.

Катехумен – личност која треба да стапи во христијанската религија по чинот на покрстување.

Крипта - просторија под подот на базиликите, обично се користела како капела или погребно место во кое може да има саркофаг, ковчег(?), реликвијар. Криптите обично се наоѓани под апсидалниот простор во базиликите, но тоа не е секогаш случај.

Колонада - линија од столбови, во ранотохристијанската архитектура столбовите ги одделувале страничните бродови од централниот.

Мартириум - ранохристијански мавзолеј за маченици.

Менора – Свеќник со седум гранки кој е симбол на Јудаизмот 3000 години и е амблем на Израел. Се смета дека е симбол на грмушката што гори која ја видел Мојсеј на планината Хореб.

Нартекс - преткомора на базиликата (одделена со столбови, ѕид). Тука се сместуваат кандидатите за покрстување и катихумените.

Некропола - гробишта (буквално град на мртвите).

Opus sectile - техника за изработка на мозаици популаризирана во Рим. Техниката се состои од вметнување на полирани, расечени, големи парчиња материјал (претежно мермер) на ѕидови и подни површини. Материјалот се сече според дизајнот и се поврзува за да се создаде слика или некаква шема.

Перистилдвор во внатрешноста на куќата, опкружен со столбови. Во дворот често пати имало фонтана или цветна градина.

Писцина - базен, најчесто сместен во баптистериумот и користен за покрстување. Правоаголна или полукружна форма.  

Питос – голем складишен сад кој бил вкопан во подовите така што единствено устието на садот било видливо на површината. Бројот на питоси во една куќа е значајно мерило за богатсвото на едно семејство. Се користеле за чување на храна и житарици.

Портик - трем којшто води кон влезот на објектот. Може да биде продолжен со колонади, со покривна конструкција врз тремот.

Протејхизма - независна структура спротивна и паралелна на фортификацискиот ѕид, направена за да спречи навала на непријатели на бедемите, а главно за да не можат да се доближат опсадните справи до одбранбениот ѕид.

Реликвијар – ковчеже за реликвии. Реликвиите можат да бидат мошти од светец, парче од облека или предмети поврзани со светци и други религиозни личности. Релквијарите често се наоѓаат во крипти.

Скена – сценска зграда на римските театри. се наоѓа во позадина на просторот (оркестра) каде што се одвива дејството. Таа има повеќе влезови и можела да биде на три спрата. Предниот, декоративен дел е формиран од столбови и архитрави и се нарекува scenae frons.

Сполија – современ термин за реупотребени градежни материјали и архитектонски елементи од постари градби.

Стела – Надгробен споменик во форма на издолжена плоча на која е врежан епитаф. Епитафот може да биде во рамка или пак да има претстава на покојникот со специфична иконографија.

Стилобат - Платформа на која колонадите на храмот се поставени, всушност стилобатот е подот на храмот (објектот).

Тепидариум – просторија со топла или млака вода за капење во римските бањи, загревана од хипокауст. Специфично за тепидариумите било пријатното чувство на константна рамномерна топлина која доаѓа од подот и ѕидовите на просторијата.

Триклиниум - формална трпезарија во римската куќа. Зборот има грчко потекло, имено доаѓа од грчкото τρικλίνιον, triklinion; τρι - три и κλίνη, klinē - кревет. Во просторијата биле поставени три кревети, на три страни од ниска маса. Оние што вечераат се во полу-лежечка положба на креветите. Четвртата страна на масата е оставена празна, веројатно за да служи како дел од масата од каде што се служи.

Форум - централен отворен простор вообичаено опкружен со јавни објекти и колонади. Форумот претставувал место за собирање од голема социјална важност, место каде што се одржувале политички дебати, состаноци и разни други активности.

Фреска - сликарство на малтер кое се наоѓа на ѕидови и плафони на куќи. Процесот на изработка е следниот: пигмент измешан со вода се нанесува на тенок слој влажен, свеж, малтер.

Фригидариумпросторија каде што се наоѓа базен со ладна вода во јавните римски бањи.

Хипогеум – буквално значи „подземје“ и потекнува од старогрчките зборови hypo (под) и gaia (земја). Вообичаено се однесува на подземен, предхристијански храм или гробница.

Хипокаустен систем - систем на централно греење поврзан со серија од мали канали под подното ниво на градбата, пренесувајќи ја топлината во просториите над него. Системот се користел за загревање на јавни бањи и приватни куќи. Зборот хипокауст буквално значи „топлина од долу“.

Централен кораб или наос - централниот брод на базиликата, фланкиран со странични бродови.

Циста – правоаголна гробна конструкција од камени плочи.

Штуко – релјефна гипсена декорација на ѕидови.

Stobi Winery

Advertisement

© 2010 Stobi | Powered by Seavus

Контактирајте нè на +389 43 251 026